Премиера

Младиот музичар Александар Петрески со видео спот ја промовира најновата песна “Која си ти” (Видео)

Со негова авторска музика и текст, младиот музичар од Охрид Александар Петрески, со одлично снимен видео спот во Македонија, ја промовира неговата најнова песна “Која си ти”. Ако добро го погледнеме неговиот YouTube канал, слободно може да кажеме дека ова не е негова прва песна, но дека зад себе има и голем број на одлично снимени и отсвирени кавери за познати светски и македонски песни.

Александар ексклузивно за музичкиот портал Музика24 вели:

”Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер. Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо “Krecho Sound Studio” – мастеринг.

Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање.

Можеби ќе ве интересира: