Премиера

МУЗИКА ВО КНИГА: „Приватниот живот на тројцата тенори“ – Марсија Луис

Два шпанци и еден италијанец го сочинуваат најпознатото тенорско трио. Пласидо Доминго и Хозе Карерас од Шпанија заедно Лучано Павароти од Италија, заедно настапуваа во периодот од 1990-та до 2003-та година. Триото својот последен заеднички концерт го одржа во 2005-та година а две години подоцна почина Павароти.

Нивните имиња влеваат стравопочит во музичкиот свет, а нивните гласови ја маѓепсуваа публиката низ светот. Но, каков навистина бил животот на тројцата тенори?

Од оваа возбудлива биографија од авторката Марсија Луис, помеѓу останатото ќе дознаете за: краткотрајниот брак во кој Пласидо Доминго стапил на седумнаесетгодишна возраст, што е тоа што Адуа Павароти најпосле ја навело да му стави крај на бракот ? Ќе прочитате и за стјуардесата која го освоила срцето на Хозе Карерас, неспокојствата што го измачуваат Павароти и начинот на кој се соочува со нив, лутото ривалство меѓу двајца од тројцата тенори и многу сочни детали од приватниот живот на оперските легенди.

Едно бестрашно обелоденување на поранешни сопруги, поранешни љубовници, деловни интриги, раскошен животен стил од Јадранското Море до Акапулко. – Синди Адамс, „Њујорк Πост“.

Книгата е достапна за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. Буњаковец, ГТЦ, Веро Центар, Сити мол, ул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

Можеби ќе ве интересира: