„Joy Division“ e со сигурност еден од најпознатите претставници на пост-панк музиката. Групата која беше формирана во 1976 година во Салфорд, Манчестер се состоеше од Иан Куртис, Бернард Самнер, Питер Хук и Стефан Морис. Иан бил бил хипнотички изведувач на сцената, но бил и интровертен и подложен на ненадејни промени во расположението. Иан Кертис си го одзел животот на 18 мај 1980 година. „Допир од далечина“ го опишува неговиот живот од најраниот период, па до неговата прерана смрт, пред самиот почеток на првата турнеја на „Joy Division“ низ Америка. Книгата раскажува како тој, со сопруга, со дете и со меѓународна популарност, бил заведен од „славата на рана смрт“. Кои биле причините за неговата фасцинација со смртта? Дали неговите мрачни и отуѓени стихови биле израз на уметнички егзорцизам?
Во „Допир од далечина“, вдовицата на Кертис, Дебора, ја објаснува оваа драма во неговиот живот и трагедијата од неговата смрт. Во книгата се вклучени и листата на концертни настапи на бендот и сите стихови напишани од Кертис, од кои голем дел првпат се објавени тука. Македонското издание ги вклучува и преводите на сите стихови на Кертис.

Македонското издание е на издавачката куќа „Полица“ а во превод на музичкиот критичар Ненад Георгиевски. На крајот на книгата се поместени и сите стихови на Иан, во препев на Милан Дамјановски. Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Joy Division“, напишан од неговата вдовица. Достапна е за нарачка на веб-страницата на „Полица“ и во нивната продажна мрежа ширум земјава.
Подготви: Редакција Музика24
