Премиера

Неговото време допрва доаѓа – “StarBoy” ја промовираше новата песна “Mad” (Фото+Видео)

Ванчо, Македонецот кого под неговото уметничко име „Star Boy“, домашната јавност веќе го откри, а сега и полека го запознава и како артист, а и неговата работа како автор, изведувач и сопственик на нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

„Star Boy“ живее на реалција Париз-Скопје-Берово, а престојот во Македонија го искористи да ја обзнани својата музика, да ги презентира своите први три теми и промовира во јавноста задно со видеоспотовите за нив. Идејата му е да направи интернационална кариера паралелно работејќи на домашната, регионалната и европската музичката сцена, па токму затоа тој снима на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Во последните 3 години од својата професионална кариера „Star Boy“ има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“.

Концептот: три песни со три видеа до Нова Година, „Star Boy“ успешно го турка, па така по првата тема „Cash game“ која ја промовираше во етерот точно на 23-ти ноември, еве ја втората, овој пат насловена „Мad“.

Самиот тој е комплетен автор на музиката и стиховите, битот е на TaipOnTheBeat, додека миксот мастерингот се изработени од LilPetr Directed. И темата „Мad“ како што е најавено е исто така проследена со видеоспот, кој го потпишува Владислав Гавриловски, а истиот е сниман на неколку локации во македонската престолнина – Скопје. Фотографијата ја изработил на Венко Паркуера, а во новото видео на „Star Boy“ овој пат главната женска ролја ја има едно познато македонско лице од естрадно-модниот свет, македонската манекенка, мисица и модел, Кристина Димитри(евска).

„Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“… е еден од суштинските стихови во песната која сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа „Star Boy“.

Проектот три траки – три видеа до Нова Година комплетно ќе биде реализиран наскоро, како прва фаза од песните кои треба да се најдат и на неговиот дебитантски албум кој ќе содржи 8 теми. Наскоро менаџмент тимот и продукцијата на „Star Boy“ планираат и голема медиумска онлајн промоција со претставување на самиот артист, неговите досегашни песни и видеа, плановите за албумот и целиот концепт околу одвивањето на неговата музичка кариера, како и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

Во меѓувреме, погледнете го видеото за втората тема, „Мad“.

https://www.youtube.com/watch?v=y0uLeO-Mzww&feature=emb_logo

Можеби ќе ве интересира: