Премиера

Николија & About Me: Плишан комплет за урбан изглед и комфор во исто време

Плишаниот комплет од брендот About Me на Николија, има уникатен и модерен дизајн. А ќе ви даде пријатно чувство кога и да го носите. Плишаниот комплет е достапен во две верзии и во повеќе бои. Со плишаниот комплет дизајниран од Николија ќе изгледате тренди а истовремено ќе чувствувате максимална удобност и пријатно чувство за време на сите ваши активности.

Николија  е позната по лежерниот стил, токму тоа беше инспирација за нејзината прва колекција.

„Кој ме знае, знае дека живеам во тренерки. Понекогаш дури и настапувам. Во 2021 година, почесто ќе настапувам. Сите во моето семејство, како и сестра ми и јас, обожаваме плишани тренерки, а веќе подолго време нема каде да купиме квалитетна кадифена тренерка. Затоа дојдовме до идеја едноставно да ги направиме. За наша среќа, плишот е повторно во мода, тоа воопшто не го очекувавме и тоа е само плус за продажба. Дефинитивно ќе правам работи што би ги носела и јас.”, вели Николија.

Изразете го урбаниот изглед со клучни детали што го прават овој плишан комплет уникатен. Изберете да носите нешто што ќе направи да се чувствувате урбано, модерно и подеднакво пријатно.

Плишаниот комплет на Николија може да Ви биде испорачан и во Македонија. Можете да нарачате преку веб-страната aboutme.rs. За купување од Македонија и регионот, плаќањето е можно само со платежни картички.

 

 

 

 

 

 

Можеби ќе ве интересира: