Од неодамна на македонската клубска сцена се појави ново име, станува збор за младиот и талентиран битолчанец Петар Ристевски или попознат како “Перомикс”. Како што и самиот тој вели за Музика24 досега неговите фанови, кој од ден на ден се се повеќе и повеќе, немале можност да го слушнат во живо, но како велат старите, никогаш не е доцна. Веќе подолго време работи на ремикси на познати хитови, а наскоро го очекува и неговата прва забава на која за прв пат ќе застане зад диџејскиот пулт.
Во продолжение преслушајте еден од неговите миксови, работен за хитовската “Hello” на Адел.
Подготви: Христина Секуловска
