Влатко Стефановски и Кроација рекордс денеска ја промовираа „Огледало”, првата песна од новиот албум на Стефановски. Албумот „Taftalidze shuffle” e во издание на престижната Кроација рекордс, a во продажба ќе излезе на 20-ти ноември. Албумот го доби името по населбата во која живее Влатко. Како што е познато тој со своето семејство живее во Тафталиџе со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое е сниман и овој албум.
