Премиера

24 Промо: Пијан славеј, Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев – „Крв да ни се стори” (Видео)

Каролина Гочева денеска ја промовираше новата нумера „Крв да ни се стори“, која ја отпеа со Бранислав Николов од групата „Фолтин“, познат како Пијан славеј. Музиката и текстот се на Пијан славеј, аранжманот го потпишува Дуке Бојаџиев, а како продуценти се потпишуваат: Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски. Идејата за песната била од неврзан „битолски“ муабет во продавница, од кој се роди нешто баш убаво, велат од Авалон продукција.

”Крв да ни се стори” е танц на копнеење во двојка… од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино“, напиша Каролина на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира: