Елена Велевска на крајот на 2017-та година реши своите фанови да ги почести со уште еден видео запис и на тој начин да им ги честита престојните новогодишни и божиќни празници. Станува збор за песна која таа ја изведе на фолк фест “Валандово 2014” и воедно е една од најбараните песни каде и да настапува таа. Автор на музиката и аранжманот е Горјан Стојановски, а како текстописец се потпишува самаата таа. За видео приказната беше задолжена ИН продукција.
“Срце бакшиш ќе ти дадам” е песна со која 2014-та година настапив на фолк фест “Валандово”. Речи си и да не поминува еден мој настап а оваа песна да не ја испејам двапати. Долго време се размислував со мојот тим што да направиме за оваа песна и мислам дека го направивме вистинскиот потег и дека на публиката ќе и се допадне”, изјави Велевска за нашиот медиум. За време на новогодишните празници, телевизиските гледачи ќе уживаат во музичката новогодишна честитка која Велевска, група Чардак и ИН продукција ја подготвија за нив.
Подготви: Марија Поповска
