Познатото дуо Дац и Александар продолжуваат да ја негуваат традицијата и убавите стари македонски песни. Овој пат тие заедно со актерот и ресенчанец Атанас Тановски – Таше ја преработија познатата ресенска песна „Три години болен лежам“.
“Како подарок за Ресен и Преспа ја снимивме прекрасната мелодија од тој крај, „Три години болен лежам”, дел од репертоарот на легендарните „Распеани ресенчани“.Во еден личен Ford Taunus од 1974 година, ја поминавме прекрасната Преспа и направивме убава видео разгледница заедно со нашиот специјален гостин, родум од Ресен, актерот Анастас Тановски – Таше. Заедно со нас се и дел од членовите на некогашните „Распеани ресенчани“, објави познатото дуо.
