Музика на кирилица

Пепа Димитрова песната “Длабоко” премиерно ќе ја изведе во сабота, на “Макфест” (Фото)

Со интересни фотографии на својот фејсбук профил, Пепа Димитрова објави дека снима нов видео спот. Се работи за видео запис за песната “Длабоко”, која Пепа премиерно ќе ја изведе на овогодинешниот “Макфест”.

Можеме да забележиме дека новата видео приказна се одвива на повеќе интересни локации, а оваа пејачка, како и секогаш, изгледа атрактивно и моќно, што воедно е совршена дефиниција и за нејзиниот вокал. Како што дознава Музика24, спотот ќе биде промовиран следната недела, а режисерската улога му е доделена на Зоран Зонде Стојановски.

Сепак, пред видеото, публиката, најпрво ќе ја слушне песната. Во сабота, на 18-ти, Пепа настапува 18-та на втората фестивалска вечер на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест”.

Можеби ќе ве интересира: