„Скопје – Барселона“ е новата, дуетска песна на групата „Нокаут“ и Дарко Гелев-Брејк. Дуетот на „Нокаут“ и Брејк доаѓа пред концертот во Антички театар кој што ќе се одржи во Охрид на 27-ми јули со почеток од 20 часот. Музиката за оваа најнова песна ја напиша фронтменот на бендот, Никола Перевски-Пере, аранжманот е на Дарко Димитров, а Игор Џамбазов го напиша текстот. Гостин на труба е Трајко Велков.
Во изминатиот период, бендот настапи и на Хераклеја во Битола на 5-ти јули. Дарко Гелев-Брејк ќе биде гостин на охридскиот концерт.
Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Македонската филхармонијата. Истовремено, тие во текот на минатата година во Скопје го промовираа својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“.
Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на mktickets, а го организира продукцијата „Сцена“.
