Премиера

Предновогодишно Александра Јанева ја промовираше најновата „Одвреме навреме” (Видео)

На музика и аранжман од Лазар Цветковски, денес на својот YouTube канал познатата и се повеќе барана македонска пејачка Александра Јанева ја промовираше својата најнова песна „Одвреме навреме” со видео спот за истата. Текстот за оваа песна го напишаа Лазар и Александра, а истиот е снимен во Италија. Видеото да изгледа онака како што изгледа се погрижи Горан Симјановски.

„Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија. Се надевам дека ќе ви се допадне!”, напиша Александра на социјалните мрежи постирајќи го најновото видео.

Дали вам ви се допаѓа видеото… веднаш откако ќе го погледнете…

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: