Премиера

Предновогодишно Александар Темелков промовираше нова песна со видео спот (Видео)

Предновогодишно македонскиот фолк пејач Александар Темелков со видео спот ја промовираше својата најнова песна и прва снимана на српски јазик “Мало лево, мало десно”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, автор на оваа песна е Славко Ристески кој и се потпишува како продуцент, додека текстот го напиша Стојан Тоше Лазаревски. Во видео спотот освен Темелков, се појавува и младата и убава Александра Стојаноска, а истиот е целосно снимен во центарот на Скопје во реализација на Александар Спасенцовски .

“Презадоволен сум од соработката со авторите на текст и музика, и презадоволен сум од видео спотот”, изјави Темелков за музичкиот портал Музика24. Меѓудругото, тој ни откри дека со оваа негова прва песна снимена на српски јазик очекува да постигне големи успеси како во соседна Србија, така и кај нас во Македонија. Што се однесува до најлудата ноќ и прославата за Новата година, тој вели:

“За жал поради веќе познатите причини, пандемија, Ковид-19… оваа година пречекот на Новата година нема да биде на настап, но се надевам и сигурен сум дека одлично ќе си поминам и во домашна адмосфера со најблиските”, додава Темелков.

Инаку ова младо момче сеуште е дел од реалното музичко тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, кое се емитува ширум Балканот. Кон крајот на месец јануари следната 2021 година тој заедно со останатите учесници од Македонија ќе го снимаат 5 круг на натпреварување. А додека го очекуваме неговиот настап и претставување во “Ѕвездите на Гранд”, со задоволство ви препорачуваме да ја преслушате неговата најнова песна, и воедно да го погледнете видео спотот за истата.

Можеби ќе ве интересира: