Пред само неколку дена познатиот македонски чаирски романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова балада „Прекрасен ден”, песна која веруваме ќе остане и ќе биде еден од летните македонски хитови кои ќе се слушаат ова лето 2024-то низ плажите, кафулињата, ноќните клубови, забавите, дискотеките… ширум Македонија.
„Прекрасен ден” која е комплетно дело на Владо Јаневски, е снимена во студиото на Дарко Димитров, каде последниве години своите најголеми хитови и албуми ги снимаат најпознатите балкански музички имиња.
Инаку овој познат наш македонски пејач на 10-ти август на Античкиот театар во Охрид за сите свои фанови, обожаватели и сите кои ја слушаат, сакаат и почитуваат неговата музика и сето она што тој го прави и создава, ќе одржи голем концерт кој веруваме долго ќе се памети.
А во продолжение слушнете ја најновата песна на Владо, за која наскоро очекуваме и видеоспот.
