Премиера

ПРЕМИЕРА: „Да исчезне се“ – „D’reamers“ feat Наташа Миха

Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект „D’Reamers“ ексклузивно ја промовираат своја трета песна „Да исчезне се”. Самата композиција доби и видео запис, кој денес ексклузивно ви го преставуваме, снимен во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија.

Првично, видеото беше изработено пред 2 месеци, но после долги консултации, свативме да покрај ова официјално видео, самиот аудио запис добива и втор спот, односно една ретроспектива, која и беше како првична идеа за официјалниот спот, но, гледаме дека трендовите се движат кон одредена насока, и сакаме овој така замислен Тренди спот да биде примарен пред преостанатиот. – изјавија креаторите на спотот.

Музиката и текстот за оваа песна е од страна на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го створи аранжманот, додека вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот.

Синиша и Џејмс исто така не информираа дека во  финална фаза е и нивната четврта песна, за која благовремено ќе ве информираме.

Можеби ќе ве интересира: