Премиера

ПРЕМИЕРА: „Душа“ – Огнен Здравковски

Пејачот Огнен Здравковски ја објави својата нова песна на српски јазик, насловена „Душа“. За новото музичко остварување на Огнен се заслужни Саша Николиќ, чие дело се музиката и аранжманот, текстот е на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која српскиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Песна за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.

Покрај Огнен, во спотот се појавува и српската манекенка Невена Гичевиќ. Спотот е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу  кои и во ресторанот на музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ.

Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне. – вели Здравковски.

Можеби ќе ве интересира: