Сергеј Четковиќ со својот бенд сними видео спот за новата песна “Још волим те”. Видео спотот, како што информираат од неговиот менаџерски тим, е снимен на 28-ми ноември оваа година на улицата Кнез Михајлова во Белград. Режисер и директор на фотографија на спотот е Александар Керекеш. Текстот и музиката на напиша Сергеј, додека за аранжманот се погрижија Марко Милатовиќ и Владан Поповиќ – Поп.
Со излегувањето на оваа песна и видео спот, кантавторот го најавува излегувањето на новиот шести по ред студиски албум. Во продолжение, со клик на името на песната, погледнете го новиот видео спот на Сергеј Четковиќ – “Још волим те”.
Подготви: Марија Поповска
