Премиера

ПРЕМИЕРА: „Winning Every Game“ – Наташа Миха

„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во  GreenRoom Sound студио во Скопје.

Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка. – вели наташа.

Видео записот е дело на Стефан Рајхл, во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој беше задолжен за монтажа на видеото.

Можеби ќе ве интересира: