Новиот бренд на Авалон продукција бендот Темпера официјално го промовираа новиот спот кој е сигурно антологија на композициите на Мизар, Архангел итн, а носи наслов “Пластични кули”. Уникатен музички призор на секојдневието кој сите ние го чувствуваме во новото време е пораката на самата композиција која јасно кажува на гледиштата кој мораме да ги согледаме.
Не е ништо случајно што е одбран ваков тип на музика, но љубителите на овој бенд сигурно ќе се пронајдат во текстот кој е сработен токму од вокалот на Тања Тас, а самиот аранжман, продукција се на Мите Димовски и Драган Гиновски. А во продолжение премиерно погледнете го спотот кој веруваме ќе ви се допадне.
Подготви: Редакција Музика24
