И после завршувањето на регионалното музичко шоу “X Factor”, соработката помеѓу Жељко Јоксимовиќ и Даниел Кајмакоски продолжи во нагорна линија, а доволен доказ е и дуетот кој го снимија пред неколку недели за кој направија и видео запис за песната “Скопје-Белград”. Самата идеја за оваа композиција протече токму од Жељко кој сакајќи да даде на значење за овие два интересни градови, ја искомбинира со композиција која ќе биде мала химна за Србија и Македонија.
“Сакав да има некоја приказна во сето тоа, иако сценариото беше замислено барајќи девојка јас во Скопје, а Даниел во Белград, сепак се се завршува со среќен крај”, изјави Жељко кој додаде дека е ова мала увертира на она што во иднина следува. Имено спотот е во режија на познатиот режисер Дејан Миличевиќ, во продолжение ве оставаме да уживате во приказната со “Happy End” кликнувајќи на следниот линк: “Скопје-Белград”.
Подготви: Редакција Музика24
