Премиера

Ris Flower ја претстави својата најнова песна “Zое” (лирик ВИДЕО)

Македонскиот музички артист Борис Цветановски познат под псевдонимот Ris Flower со својот интернационален музички проект, после фантастичниот сингл “Flying to Berlin”, во светскиот етер е присутен со нова сингл тема, насловена: “Zое”.

„Компонирав песна која ќе има свежина и ќе биде комбинација на привлечна популарна мелодија и класичен рок ритам. По „Flying To Berlin“, песната „Zое“ е надополнување на приказната и е најава за следните синглови кои ќе следат во текот на оваа година“, вели Рис.

Музикатa и текстot se na Ris Flower, аранжманoт и продукција ги изработил Мустафа Чанбазлар од Турција, миксот и мастерингот ги потпишува Арикан Сиракаја, а и оваа тема е снимена во “Studio Ari” во Истанбул, Турција.

Можеби ќе ве интересира: