Македонскиот музички портал Музика24 започнува нешто ново, свежо и возбудливо! Од 7-ми февруари (петок), па секој нареден петок, ви ја претставуваме најновата и најинтересна рубрика “Секој петок… интервју на Музика24”!
Што значи ова? Секоја недела, токму на пладне, ќе имате можност да прочитате ексклузивни интервјуа со најголемите ѕвезди на македонската и балканската музичка сцена! Познати, заборавени, актуелни – сите ќе бидат тука, подготвени да споделат приказни кои досега не сте ги слушнале.
Прв гостин? Никој друг, туку атрактивната балканска дива – Милица Павловиќ! Само за Музика24, таа ќе открие тајни, одговори на прашања кои досега никогаш не ги коментирала и ќе ви даде причина повеќе зошто да ја следите оваа нова рубрика.

Затоа, резервирајте го секој петок за музичка ексклузива! Првото интервју пристигнува во петок, 7-ми февруари, точно на пладне! Следете нè на Музика24 и бидете дел од музичкиот свет како никогаш досега!
