Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови. После песната на англиски јазик “Feel so good”, Симона ни подготви уште едно музичко изненадување по повод Нова Година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена “За Нова Година“.
Песната е на продуцентот и DJ Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.
“Драги мои, од срце ви го подаруваме ова парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, година без пандемија, нека биде нов почеток “За Нова година”, ни порачува Симона.
Во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да ја слушнете нејзината најнова песна, а воедно да го погледнете најновиот видеот спот и да уживате во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината.
