Премиера

Со видео спот 2 Бона ја промовираа најновата песна “Јас сум тој” (Видео)

Во текот на денешниот ден на далеку познатите и популарни “2Бона” го промовираа видео спотот за нивната најнова песна “Јас сум тој”. Песната е дело на “2Бона” (Марио Јелиќ и Антонио Стојановски), додека аранжманот и мастерингот на истата го правеше Иван Јованов – Ивајо. Видео спотот пак, е посебна приказна. Тој е снимен на повеќе локации во Скопје (ГТЦ, Градски парк, Железничка станица, центарот на Скопје…), а во него се вклучени видео снимки од фанови кои учествувале на нивниот предизвик на социјалните мрежи на 2Bona и Nescafé 3in1 насловен: Toj Sum Challenge. Истиот е во комплетна реализација на еден од најдобрите, Томислав Живковиќ.

Меѓудругите, во видеоспотот можете накратко да ги забележите и познатите македонски јутубери, GP и Стефан Лазаров, кои очигледно испратиле свое видео и учествувале во предизвикот на 2Бона.

А нам, што друго ни преостанува освен да уживаме во нивната најнова песна и навистина интересниот видео спот.

Можеби ќе ве интересира: