Премиера

Теа Трајковска се враќа на музичката сцена со “Што би било” (Видео)

По подолга музичка пауза, поп пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со нова интересна певлива песна насловена “Што би било”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, на оваа песна Теа заедно со својот тим работеле подолг временски период. Автор на текстот е токму таа, додека музиката и аранжманот ги подготви најдобриот во својата област, Лазар Цветковски.

“Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика. Огромна благодарност и до Даниел Јовески кој се погрижи за тоа да ја доловиме емоцијата соодветно во видеото и до “Фибула травел”, со чија помош спотот го снимавме во прекрасната Анталија”, вели Теа.

Видео спотот е снимен во Анталија, Турција. Како што и напомена пејачката Трајковска режисер на видеото е познатиот режисер Даниел Јовески кој во оваа прилика изјави:

“Клипот со Теа го сработивме многу ефективно и брзо, морам да спомнам дека досега ова ми било најкраткото снимање. За некои четири часа снимивме се што ни беше потребно. Таа има конкретни барања и знае што сака, задоволство е да се работи со уметник како неа и се надевам дека соработката ќе продолжи и во иднина. Нашата фреквенција беше иста од самиот почеток на преговарањето за клипот, па се до самата промоција”, изјави режисерот Јовески.

THEA - Shto bi bilo [SBB KBB] (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: