Премиера

Тајзи на својот роденден ги чести своите фанови (Аудио)

Познатиот пејач Тајзи денес го прославува својот роденден. Иако не сподели како и на кој начин ќе го прослави денешниот ден, тој денес ги почести своите фанови со нова песна. Станува збор за денс хитот насловен “After”, снимен во соработка со македонските диџеи и продуценти “Дисконектед” и Ивајо, кои ја потпишуваат музиката и продукцијата, додека текстот е на самиот Тајзи.

“Ми се пие, ми се прави, ми се смее, ми се игра, ми се пее, ми се скита зошто ми се гади од зло”, пее Тајзи во новата роденденска песна, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=HReHuUlWlxw

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: