Досега во неколку наврати промовиравме и пишувавме за млади музички имиња кои пополека, но сигурно се пробиваат на македонската музичка сцена. Еден од многумината е и 16 годишниот Деан Јованов кој ни доаѓа од Демир Капија. Овој млад, надежен хип хоп артист, досега е одлично прифатен од публиката која знае и умее да процени што е вистински хип хоп.
Иако млад, тој започна да се остварува како вистински љубител на рапот преку искрените текстови за неговиот живот и општеството, овој пат снимаше песна заедно со Двојна Комбинација, тие доаѓаат од Скопје, истовремено се нови хип хоп артисти на музичката сцена и добро прифатени од публиката. Тие заедно, со новата песна пренесуваат една порака и воедно раскажуваат како на ним, а и на многу од младите им поминува еден пролетно/летен ден.
Песната е снимена кај Даре ДТ (Зад Аголот), а во продолжение преслушајте го нивниот нов сингл, се надеваме ќе ви се допадне.
http://youtu.be/Z9LvoqK146k
Подготви: Магдалена Атанасовска
