Пејачот и кандидат за градоначалник на Скопје, Бени Шаќири, промовираше нова песна под насловот „Вака не може“. Музиката, текстот и аранжманот се дело на Тоше Поп Симонов, а за спотот беше задолжен Чедо Поповски. Песната е посветена на Скопје и е во контекст на локалните избори на кои Бени трча за градоначалник со поддршка на ЛДП и ДОМ.
Музичкиот портал Музика24 се оградува од политичките партии и кандидатите за градоначалници и нивните програми. Во овој текст ви ја промовираме новата песна на Бени, како и секогаш, така и овој пат ви претставуваме се она што е ново на македонската музичка сцена.
