Премиера

Вистинско музичко уживање: „Ducati Panigale“ – нова песна на Ген со која го најавува албумот „Adventus“ (Видео)

Младиот и веќе добро познат македонски музички артист Трајче Гогов – Ген неодамна ја објави својата најнова песна со видеоспот насловена „Ducati Panigale“. Станува збор за проект кој уште при самата премиера привлече големо внимание, а веќе се коментира дека се работи за ниво кое ретко се гледа и слуша на нашите простори.

Автор на музиката и текстот е самиот Ген, додека за аранжманот, битот и финалниот звук беа задолжени Pronto и KC Blaze, кои успеаја да му дадат светски и професионален квалитет. Песната и видеото се издадени под етикетата на музичката продукција IMPERIA, а за целата видео реализација стојат MMP and Tec & Film, кои се погрижија визуелното доживување да биде на највисоко ниво.

Како што самиот Ген изјави за музичкиот портал Музика24, видеото е „за неколку левели погоре“ од сè што досега сме имале можност да видиме и да слушнеме во Македонија, а и на Балканот. Видеоспотот носи енергична приказна, динамична режија и совршено вклопени визуелни ефекти кои целосно ја надополнуваат песната.

Оваа песна претставува дел од неговиот нов албум „Adventus“, кој се очекува да биде официјално објавен и промовиран кон крајот на месец октомври. Албумот, според најавите, ќе содржи свежи и современи музички парчиња подготвени за регионалната и меѓународната публика. Новиот албум и песни ексклузивно ќе бидам промовирани на Музика24.мк.

Да потсетиме, Ген има само 33 години, а веќе долги години живее и работи во Швајцарија. Сепак, неговата музика и проекти редовно допираат до Балканот и Македонија, каде што има голем број на обожаватели. Зад себе има повеќе успешни синглови и соработки, а „Ducati Panigale“ е само потврда дека неговата креативна енергија и амбиција се на постојан раст.

Во продолжение со задоволство ви го претставуваме најновиот видеоспот на Ген за песната „Ducati Panigale“, кој веќе е достапен на сите дигитални платформи.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: