Неодамна младата пејачка Јуле Новак која што е релативно ново музичко име на македонската музичка сцена, ја објави својата нова песна „Злато” и истата наиде на позитивни критики од публиката. Јуле се потпишува како комплетен автор на песната, односно музиката, текстот и аранжманот се лично нејзини, додека мискот и мастерингот се на Нино Придаенкоски.
За „Злато” Јуле сними и видеоспот кој го режираше нејзиниот колега-музичар, Александар Спасенцовски.
Таа во оваа прилика за медиумите вели:
„Се радувам што пред неколку дена беше премиерата на „Злато”. Ова е песна на која работев долго време и максимално ѝ се посветив. Се надевам ќе ѝ се допадне на публиката, а во блиска иднина ветувам уште многу музика од мене“, истакна младата пејачка.
Во продолжение, погледнете го видеоспотот за веќе споменатата песна.
