Во прв ред

Легенде со концерт во Скопје

Познатата српска група Легенде на 21-ви мај ќе одржи концерт во Универзална сала во Скопје. Шестчлениот состав основан во далечната 1988-та година во својата долгогодишна кариера има објавено 17 студиски албуми и едно издание со најголемите хитови, а одржале и преку 1400 концерти ширум Балканот, повеќе европски земји, како и САД, Канада и Австралија.

Билетите за концертот ќе чинат 700 денари, а ќе можат да се набават на касата во Универзална сала, во Камарад, Розе Веро 2 и Југотон. Повеќе информации за настанот ќе бидат соопштени на прес конференцијата која ќе се одржи десетина дена или една седмица пред самиот концерт кој е во организација на продукцијата “Сил-Вла”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: