Во прв ред

16 години Angels Cafe: Местото каде што забавата станува традиција (Фото)

Едно место, илјадници приказни. Илјадници насмевки, фотографии и ноќи што се паметат со години. Така накратко може да се опише приказната на Angels Cafe, бренд кој веќе 16 години ја диктира забавата и ноќниот живот во Штип и пошироко.

Со својот препознатлив слоган Place of Fun, Love & Happiness, Angels Cafe одамна не е само локал – туку симбол на генерации, место каде што се создаваат спомени и каде што секоја вечер има своја приказна. Од генерација на генерација, Angels останува задолжителна дестинација за сите љубители на добра музика, енергија и вистинска атмосфера. А токму овој април, легендата слави 16 години постоење – со програма што ветува викенд за паметење.

Главниот настан е закажан за сабота, 4 април, кога посетителите ќе уживаат во шестчасовна роденденска забава од 19:00 до 01:00 часот. Организаторите најавуваат вистинска еуфорија, динамична атмосфера и настапи кои ќе го држат пулсот на публиката на максимум. На сцената ќе се појават 2Be Band, бенд познат по својата експлозивна енергија и способноста да ја „раздвижи“ секоја публика. За дополнителна музичка магија ќе се погрижат Ана Петановска & Ana Petan Bend, кои носат комбинација од моќен вокал, модерни хитови и препознатлив сценски шарм. Круна на вечерта ќе биде настапот на Тамара Тодевска, чиј вокал со години важи за еден од највпечатливите на домашната сцена, ветувајќи емотивен и енергичен спектакл.

Но, славењето не завршува тука.

Целиот викенд ќе биде во знакот на музиката и добриот вајб. Во петок, сцената ќе ја преземе романтичната енергија на Владо Јаневски, додека недела е резервирана за забавна комбинација со Мето ди Флеш и веќе култното караоке, кое традиционално ја спојува публиката во едно.

По 16 години постоење, Angels Cafe не само што ја одржува својата препознатливост, туку и продолжува да ја гради својата приказна – вечер по вечер, песна по песна. И ако нешто е сигурно – ова нема да биде само роденден. Ова ќе биде уште една ноќ што ќе се раскажува.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: