Во прв ред

2 концерти во чест на нa Тоше и Пепи: Билети во продажба од понеделник

Два концерти во чест на нашите безвременски пејачи Тоше Проески и Пепи Бафтировски ќе одржи Камерниот Оркестар на Битола IW конект под насловот „Засекогаш во срцата”. Заедно со Камерниот оркестар хитовите на Тоше и Пепи ќе ги изведуваат: Бојан Маровиќ, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска. Концертите се закажани за 24-ти и 25-ти февруари во 20:00.

Билетите се во продажба од понеделник (20.02) во 11:00ч. Продажбата е ограничена на четири билети по човек а цената е 400 денари.

Можеби ќе ве интересира: