Во прв ред

“2 Cellos” го “запалија” Скопје (Фото)

Со мало, но сепак оправдано задоцнување, започна големиот и спектакуларен концерт на одличните виртуози на виолончело “2 Cellos”. Тие вечерва направија вистинско музичко шоу, кое беше едноставно мир и за телото и за душата. Концертот двајцата виртуозни го започнаа со насловната песна од филмот “Огнени кочии”, а потоа како што и се очекуваше, се редеа сите оние препознатливи композиции, песни од познати музичари и филмски остварувања, кои верувајте никого, ама апсолутно никого не го остави рамнодушен.

Првиот дел од концертот кој што изобилуваше со малку поспора музика, тие го завршија со музиката од филмот “Дождовен човек”, кој патем е и омилена на Стјепан, кој пак се пошегува и накратко кажа дека првиот дел им го посветуваат на сите македонки.

Вториот пак дел од концертот, во кој што веруваме сите уживаа, беше посветен на рок музиката, со кој “2 Cellos” едноставно “растури” на сцената. Како дополнителна стимулација и уживање беа сите светлечките ефекти кои едноставно секоја песна ја донесуваа на посебен начин во склад со музиката.

И покрај тоа што навистина салата беше преполна и немаше каде да се сврти, сепак, публиката уживаше во музиката и играше и играше… Инаку, популарните Стјепан и Лука – “2 Cellos” на сцената беа придружувани од македонски музичари на гудачки инструменти и од нивниот тапанар Душан Крањц.  Ова само ни покажа дека и после неколку гостувања и концерти во Македонија, публиката е секогаш гладна за добра и квалитетна музика од ваков или сличен жарн. И овој концерт, за кој долго ќе се зборува и прераскажува, е во организација на најдобрите, Авалон продукција.

Подготви: Сања Козарова

Можеби ќе ве интересира: