Во прв ред

Аца Лукас по концертот останува да се одмора во Охрид

Уште една српска позната музичка ѕвезда која што својот летен одмор ќе го помине во Македонија. Овој пат станува збор за мега популарниот фолк пејач Аца Лукас кој следниот месец има закажан концерт на Билјанини извори и истиот ќе се одржи на националниот македонски празник Илинден односно на 2-ри август. Аца по концертот ќе одложи неколку настапи и настани кои треба да му се случат во идниот период, се со цел со своето семејство да го продолжи престојот во Охрид и едноставно да се одмори.

“Независно што летово имам закажани настани скоро секој ден, сепак ќе искористам неколку дена за да одморам со најблиските во една од моите топ 5 дестинации – градот -Охрид”, рекол пејачот во телефонски разговор со организаторот на настанот.

Неговиот одмор ќе трае неколку дена, да потоа настапи на собирот во Гуча на 8-ми август. Се надеваме дека Аца Лукас убаво ќе се одмори во Охрид и дека ќе биде задоволен и од охриѓани и од нивната услуга.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: