Неодамна познатиот и популарен фолк пејач Аца Лукас настапи во Загребската арена, пред повеќе од 15.000 илјади посетители. И овој концерт, како и сите досега, беше дел од големата турнеја “Најголемите журки на Балканот”. Со овој концерт, Лукас само си го потврди својот статус на најголема музичка ѕвезда на Балканот. Со своите добро познати хитови: “Волиш ли ме”, “Лична карта”, “Бај пас”… од самиот почеток па се до крајот на концертот ја држеше публиката во делириум.
На ред е концертот во Скопје кој што ќе се оддржи на 20-ти мај со почеток од 21 часот во ВИП арената “Борис Трајковски” во Скопје. По тој повод, популарниот Лукас даде изјава во врска со концертот кој што ќе се одржи во Скопје.
Влезниците за овој концерт по предпродажна цена од 350 денари за партер, 400 денари трибини и 500 денари фан-пит, како и ВИП пакетите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase како и онлајн. Влезниците за концертот на Лукас во Скопје по предпродажна цена ќе може да се набават до петок 19-ти мај. ВИП пакетите ќе се продаваат само до 19-ти мај. Не ја пропуштајте најдобрата забава оваа сезона во Скопје.
Подготви: Редакција Музика24
