Во прв ред

Аеродром пулсира: Магична музичка вечер за незаборав

Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3“! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава.

Годината во која Џевахир Мол од сон стана реалност заслужува да биде испратена на најдобар можен начин – со настапи на најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена.

Настанот ќе го отвори легендарното дуо Игор Џамбазов и Гуру Харе, чии безвременски хитови ги поврзуваат генерациите. Потоа, сцената ќе ја преземе Тони Зен, ѕвездата на македонската рап музика, кој со својата енергија ќе ја подигне атмосферата на едно ново ниво. За младата публика ќе настапат Пајак и Лара, чија модерна музика е неодолив хит на топ-листите. Врвот на вечерта ќе биде настапот на Каролина Гочева, чиј ангелски глас ќе ја исполни ноќта со емоции и ќе ги разнежни срцата на сите присутни.

Оваа уникатна и разновидна музичка програма е создадена да ги задоволи сите музички вкусови и стилови. Настанот е за сите кои сакаат да ја заокружат 2024 година со магична музичка вечер. Пејте, танцувајте и пулсирајте заедно со вашите омилени артисти!

Можеби ќе ве интересира: