Победничката на минатогодишниот “Макфест” Александра Јанева, од 16-ти до 18-ти мај ќе настапи и ќе се натправарува на интернационалниот фестивал “Discovery 2014” кој што се одржува во Варна, соседна Бугарија. Со победничката “Врати ми го сонцето”, таа ќе се натпреварува во категоријата за најдобра песна, а во категоријата за најдобар вокал ќе се претстави со “Hallelujah” од Александра Бурке.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 се вклучува во акцијата за промоцирање и активно следење на нашите македонски изведувачи кои се натправаруваат и се дел од светски и балкански музички фестивали и интерент гласање, па така, за да се пласира нашата поп пејачка Александра меѓу најдобрите, Вие со Вашиот глас може многу да направите, односно, со кликнување на Александра Јанева, директно се поврзувате со линкот каде што можете својот глас да го дадете токму за нашата претставничка, а Вашиот глас можете да го дадете со кликнување на плусот (+). Се надеваме дека на овој начин ќе Ве потикнеме да гласате за Александра и дека наскоро ќе се најде на местото број 1.
Подготви: Влад Петров
