Во прв ред

Авалон продукција најавува: Концертна промоција на новиот албум на Каролина “Извор” (Видео)

Нашите пријатели и соработници од најпознатата и активна продукција во Република Македонија, Авалон продукција, со големо воодушевување после блескавиот концертен маратон од пред четири години, ви најавува промотивни концерти на новиот студиски албум “Извор” на Каролина и нејзиниот бенд кои повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23-ти, 24-ти, 25-ти и 26-ти февруари.

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен “Извор”, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот “Македонско девојче”. Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок – луксузно дигипак издание од албумот “Извор”, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: