Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња “Бонд” (BOND) доаѓа за првпат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.
Квартетот “Бонд” е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток. Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и “Spice girls на класичната музика”, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.
Од основањето на квартетот “Бонд”, па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (7-ми февруари) и истите ќе може да се набават исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
- Classic seats – 1.990 денари;
- Ultra VIP seats – 2.990 денари.
