Во прв ред

Авалон продукција најавува: Викенд за уживање со легендата Раде Шербеџија

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија, на 04-ти и 05-ти ноември доаѓа во Скопје, со два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет придружуван од неговиот бенд “Западни колодвор” од Загреб.

Харизматичниот Раде во Скопје ќе го промовира новиот албум кој излегува на средината во октомври. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: “Не дај се Инес”, “Мени се душо од теби не растаје”, “Чекај ме”, “, “Имам пјесму за тебе”… и други. Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Tavitjan brothers кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости, како изненадување на вечерта.

Од Авалон велат дека влезнците по цена од 990 денари, во продажба ќе бидат од утре (среда 27-ми септември) наутро во 09 часот, преку продажната мрежа на kupikartizase, Југотон и онлајн. Не заборавајте, Ноември е создаден за еден вистински викенд за уживање со неповторливиот Раде Шербеџија!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: