По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје. Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната, и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје.
Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „Alpha & Omega“, која ја започнува од македонската престолнина.
Концертниот спектакл од невидени размери, со специјални светлечки и видео ефекти, лед скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки кои ја придружуваат на сцената е закажан за 19-ти октомври 2024, сабота со почеток во 20 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во организација на “Event Group“ продукција.

Билетите можат да се набават на објавените продажни места низ Македонија, како и на зададените телефонски броеви.
Јелена Карлеуша на концерт во Скопје, аудио-визуелен спектакл кој не смее да се пропушти!
