Во прв ред

Белгискиот бенд „Хуверфоник“ со концерт во Скопје

Белгискиот трип хоп бенд „Хуверфоник“ ќе одржи концерт во Скопје, во Македонската филхармонијата на 18-ти април следната година, објави „Авалон“ продукција. Концертот е по повод 25 години од издавањето на албумот „The Magnificent Tree”, а бендот ќе го придружува гудачки квартет.

Бендот е основан во 1995, и има снимено 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија. Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерти во Македонската филхармонијата. Од „Авалон“ велат дека ќе се одржи само еден концерт.

Можеби ќе ве интересира: