Во прв ред

Бени Шаќири и Златко Ориѓански ќе одржат концерт во Македонска филхармонија

Музичарот Златко Ориѓански и пејачот на рок-групата Нон-Стоп, Бени Шаќири ќе одржат концерт во Македонска Филхармонија. Концертот ќе се одржи на 20 Април, со почеток во 20.30 часот.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и заедно снимиле албум. Според најавата на концертот ќе гостуваат и нивни пријатели од естрадата. Влезниците се пуштени во продажба по цени од 800, 1000 и 1200 денари.

Ф.Е.

Можеби ќе ве интересира: