Деновиве централен настан во Скопје е настапот на германската диџеј ѕвезда, Пол Ван Дајк. Настапот на диџејот број 1 во светот, Пол Ван Дајк, закажан за 3-ти февруари во Метрополис арената во Скопје, можете да го проследите по промотивна цена на билетите од 400 денари, но само до недела 29.01.2017.
Билетите можете да ги најдете во продажната мрежа на купикартизасе, во Розе Веро 2, Југотон Рекордс и Пола Југотон како и на останатите стандардни продажни места. Ова нема да биде прв настап на овој германски диџеј во Македонија, но ќе биде дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје. Неговиот сет освен најголемите хитови кои што го лансираа на врвот, ќе биде надополнет и со траки од најновиот албум “The politics of dancing 3”.
Подготви: Влад Петров
