Во прв ред

Биља Крстиќ: Најубаво е да се пее пред мала, но одбрана публика (Видео)

Во организација на Баги комуникации, вчера вечер во Домот на АРМ во Скопје се одржа мал, но сепак интимен, интересен, позитивно чуден и емотивен концерт. Познатата српска етно пејачка Биља Крстиќ заедно со својата група Бистрик оркестар одржаа неверојатно одличен концерт. Биља концертот го започна, а истиот и беше продолжен со песни од новиот студиски албум “Свод” кој неодамна беше промовиран во Белград. Во врска со концерт, промоцијата на новиот албум пред македонската публика Биља Крстиќ изјави:

“Најубаво е да се пее пред мала, но одбрана публика”, на што присутните возвратија и поздравија со аплауз. Во текот на концертното промовирање на новите песни, Биља накратко раскажа мала приказна и објасни зошто на новиот албум се нашла токму песната “Чаје шукарије”. Имено, нејзиниот татко премногу ја почитувал и слушал нашата музичка легенда Есма Теодосиевска и токму таа песна е онаа која што прва ја научила од својот татко. Поради тоа истата оваа позната песна Биља ја препејува на новиот албум, но во сосема нов аранжман и стил. Концертот продолжи со новокомпонираните севдалинки кои најмногу беа со љубовна тематика, при што на една од нив Биља се накашла од емоции во грлото и душата. Со овој концерт кој разнежни многу срца, Биља прослави 15 години дружење со Бистрик оркестар и 40 години музичка кариера.

На крајот од концертот, кога веќе беа вратени еднаш на бис, Биља доби голем букет од македонската етно-поп пејачка Вера Милошевска, вокал на групата “Љубојна”. Освен песни од албумот, Крстиќ ги отпеа и македонските: “Јано мори”, “Зурли трештат на сред село” и “Јовано Јованке”. А концертот оваа позната пејачка го заврши со големиот хит, изведен во емотивно издание, песната “Димитријо сине”.

Во продолжение за момент погледнете видео од вчерашниот концерт на Биља Крстиќ и Бистрик оркестар. Уживајте!

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: