Во прв ред

“Битола отворен град“ оваа година од 25 до 30 јуни

Младинскиот културен центар – Битола најави дека 17-то издание на Интернационалниот младински фестивал “Битола отворен град“ ќе се одржи од 25 до 30 јуни на неколку отворени сцени низ Битола.

Исто така до 25 април е отворен повик за сите заинтересирани уметници да се пријават за учеството на престојното фестивалско издание.

Во музичкиот дел на фестивалот изминатите години настапија многу познати изведувачи од регионот како: “Електрични оргазам”, Рамбо Амадеус, “Хладно пиво”, “Партибрејкерс”, “Дубиоза колектив” , “Забрањено пушење“ и многу други.

Специјализираниот македонски музички портал и оваа година ќе го проследи фестивалот.  За повеќе детали но и ексклузивни интервјуа следете го нашиот музички портал Музика24.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: