Во прв ред

“Бијело Дугме” и Влатко Стефановски одбележаа јубилеј со концерти во Битола

Саботата во Битола беше исклучиво резервирана за музиката. Се одржаа два концерти, во ист момент со голема посетеност, но на различна локација. Битола живее, имаше музиката за сите вкусови и генерации. Во античкиот локалитет Хераклеа во склоп на најдолгото културно лето во републикава “Бит фест” се одржа концертот на Влатко Стефановски, кој одбележа 40 години од постоењето на сцената. А додека пак во Ракометното игралиште “Бијело Дугме” кој е популарен рок бенд од Сараево, Босна и Херцеговина исто така одбележа 40 години од постоењето на музичката сцена. Ракометното игралиште беше претесно за да ги собере сите обожаватели од Битола и околните градови (Прилеп, Демир Хисар), а ги имаше и Скопјани, Штипјани, Кичевчани…

“Бијело Дугме” е основен од Горан Бреговиќ кој што е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано “Бијело дугме”. Горан Бреговиќ често пати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи “девојките повеќе ги сакале музичарите”. Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на “Бијело Дугме” се напишани од други автори. Како загревање за публиката пред настапот на “Бијело Дугме” се појави македонската поп пеачка Дани која со својот бенд ја размрда публиката. Веднаш после тоа следеше неколку часовно дружење заедно со Ален Исламовиќ како единствен член од групата “Бијело Дугме” присутен на концертот во Битола.

Се редеа најголемите хитови: “Не спавај мала моја, музика док свира”, “Све чу да ти дам, само да заиграм”, “Тако ти је мала моја, кад љубиш Босанац”, “Битанга и принцеза”, “Хотел, мотел”, “Ако можеш заборави”, “Лажеш”, “Ружица си била, сада више ниси”, “Напиле се улице”… и уште многу други. На концертот исто така беа отпеани и ново компонираните песни од новиот албум, со што концертот започна со песна од новиот албум, а околу 1 час и 30 минути после полноќ заврши како што започна.

За Музика24 од Битола: Јовица Пауновски

Можеби ќе ве интересира: