Најдолгото и најсодржајно културно лето во Македонија после една година пауза започнува на 21-ви јуни, а ќе трае се до 26-ти август. Во текот на трите месеци од “Битфест”, битолчани помеѓу 232-те содржини ќе уживаат и во многу концерти и музички случувања.
Во текот на летото свои концерти во градот на конзулите ќе одржат многу изведувачи од македонската, но и балканската сцена помеѓу кои: рок групата “Забрањено пушење” на 28-ми јуни, бендот “Нокаут” на 20-ти јули, Биља Крстиќ на 25-ти јули. Неизоставен дел од програмата се секако концертите на битолските изведувачи и бендови: “Паркети”, “Памперси”, Димитар Андоновски, Сузана Турунџиева и многу други. Покрај бројните солистички концерти во Битола ќе биде прикажан мјузиклот “Тајно моја”, а исто така Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот “Рок симфонија” на кој ќе настапи и Влатко Стефановски.
Екипата на музичкиот портал Музика24 ќе ги проследи сите настани од овогодинешното издание на “Битфест“ и како еден од медиумските покровители на истиот редовно ќе Ве известува за сите музички случувања. За свежи иноформации, ексклузивни интервјуа и информации, следете не!
Од Битола за Музика24: Филип Етмишовски
